Ali Cura
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, порача дека неговата земја е подготвена за конструктивен дијалог со ЕУ за актуелните политички, економски и општествени теми, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кремљ е наведено дека претседателот Путин упатил честитки до германската министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен, по повод нејзиното именување на позицијата претседателка на Европската комисија.
Наведено е дека Путин верува оти Лејен ќе придонесе за воспоставувањето на рамноправно партнерство меѓу ЕУ и Русија.
„Владимир Путин нагласи дека Русија е подготвена за конструктивен дијалог со ЕУ за актуелните политички, економски и општествени теми“, истакнато е во соопштението.
Европскиот парламент вчера за претседателка на Европската комисија ја потврди Урсула вон дер Лејен, досегашната министерка за одбрана на Германија.
За Урсула вон дер Лејен да биде претседателка на Комисијата гласаа 383 пратеници, 327 беа против, а 22 воздржани.