Mohamad Misto,Levent Tok,Said İbicioğlu
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
АЗАЗ (АА) - Терористичката оганизација ПЈД/ПКК која под окупација го држи сирискиот град Африн, копа ровови и гради одбранбен ѕид во центарот на градот поради операцијата „Маслинова гранка“ што ја спроведуваат Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССА), јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до коишто дојде АА од сигурни локални извори, поради операцијата на ТСК и ССА, терористичката организација ПЈД/ПКК која мораше да се повлече од голем број позиции во регионот, започна да копа ровови во подрачјето на центарот на Африн, во кое живее голем број цивилно население, со цел подготовка за одбрана.
Терористичката организација во Африн копа ровови и гради заштитни ѕидови на периферните улици и на главните влезови во градот.
Терористичката организација ПЈД/ПКК не им дозволува на цивилите да го напуштат градот. Најверојатно се подготвува цивилите да ги користи како жив штит при судирите пред рововите, заштитните ѕидови и позициите.
Покрај тоа, припадниците на терористичката организација се подготвуваат да се прикријат меѓу народот, планирајќи пропагандата против операцијата да ја градат преку цивилните жртви.