Serdar Açıl
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, сириските опозициски сили потпомогнати од вооружените сили на Турција извршија нови напади на упориштата на терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД на северниот дел од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа, на 62. ден од офанзивата, продолжени се ударите врз терористичките упоришта, а во тие напади сириските опозициски сили и нивните сојузници не забележале никакви загуби.
Напади во изминатите 24 часа успешно се изведени на вкупно 27 упоришта на ДЕАШ и на 19 упоришта на терористите на ПКК/ПЈД.
Досега, сириската опозиција на северниот дел на таа земја, од терористите ослободи подрачје од 1.265 квадратни километри, на кои се наоѓаат вкупно 156 населени места.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ е започната на 24 август, во северниот дел на Сирија, заради неутрализирање на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и јакнење на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас. Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност на меѓународното право на самоодбрана, во акциите учествуваат и турските сили.