Sümeyye Dilara Dinçer
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АНКАРА
Во Велика Британија е развиена маска која се тврди дека во случај на контакт ги неутрализира вирусите, вклучувајќи го грипот и новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Мирор" (Mirror), нова антивирална маска за лице е подготвена од страна на научниците од Универзитетот „Нотингем Трент" (Nottingham Trent).
Се наведува дека оваа маска има пет слоеви, вклучувајќи и еден нано-бакарен антивирален слој, и дека стандартните маски се трислојни.
Според соопштеното, нано-бакарниот материјал користен во маската, во случај да има контакт со честички поседува јони кои го спречува репродукцијата и го убива вирусот.
Во експериментите е забележано дека маската повеќе од 7 часа може да убие повеќе од 90 отсто од вирусите на грипот и Ковид-19, и поседува карактеристика на филтрирање од 99.98 отсто.
„Докажано е дека во случај на контакт, маската го неутрализира вирусите. Антивиралниот слој и слојот со филтри го елиминира вирусот“, истакна научникот Др. Гарет Кејв, кој ја дизајнираше оваа маска.
Како што е објавено во веста, маската во декември ќе биде пуштена во продажба.