Ruslan Rehimov
28 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските војници отвориле оган врз азербејџанските позиции во правец на Келбеџер на границата на двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека позициите во Келбеџер биле под силен оган со огнено оружје и минофрлачи од ерменски позиции во провинцијата Басаргечер од 00:50 часот по локално време.
Се наведува дека двајца азербејџански војници се ранети како резултат на огнот што го отвори Ерменската армија.
Исто така, се додава дека Азербејџанската армија возвратила со оган и дека целата одговорност за зголемената напнатост вдолж границата е на Ерменија.