Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ИДЛИБ
Режимот на Башар ал Асад во Сирија во потполност го раскина примирјето, кое еднострано го воведе во зоната за намалување на тензиите во Идлиб, и со минофрлачи и ракети врши напади врз населените места во подрачјето на линијата на фронтот, кои се под контрола на вооружената опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад во утринските часови со оружје земја - земја, како што се минофрлачи и ракети, изврши напади врз местото Серакиб, Појасот Џарџаназ и селата Тух, Дејр Шарки и Дејр Гарби во подрачјето на Идлиб.
Претходниот ден напладне, руското Министерство за одбрана објави дека воените единици на режимот на Асад еднострано прогласиле прекин на огнот во зоната за намалување на тензиите во Идлиб, започнувајќи од 6:00 часот.
Режимот на Асад и вчера, јужно од Идлиб, го имаше прекршено примирјето што го прогласи, со минофрлачки и ракетни напади врз местото Кефренбил, Појасот Џарџаназ, и селата Кеферсеџне, Хиш, Урејниб, Хас, Дејр Шарки и Дејр Гарби.
Турција и Русија, на состанокот во Сочи, на 17 септември 2018 година, постигнаa договор за воведување примирје во Идлиб и воспоставување деескалациска зона за цивилите. Од тој датум досега од тоа подрачје се раселени 945.992 цивили.
Во истиот период, во нападитe изведени од страна на режимот и Русија животот го загубија најмалку 1.282 цивили, меѓу кои 314 деца и 219 жени.