Şerife Çetin
06 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Секоја година во ЕУ резистентните бактерии отпорни на антибиотици се причина за смртта на 33.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот центар за превенции и контрола на болести (ECDC) ги објави податоците од истражувањето за пет болести, чија појава се поврзува со отпорноста на резистентните бактерии на антибиотици.
Според објавените резултати, секоја година во земјите од ЕУ, 33.000 лица ги губат своите животи поради резистентноста на бактериите на антибиотици.
Истражувањето покажа дека смртноста поради резистентните бактерии е ефективна колку и влијанието на болестите грип, туберкулоза и AIDS/HIV заедно, при што во земјите од ЕУ се бележани големи разлики во смртноста од резистентните бактерии на антибиотици. Најголемо влијание врз смртноста во земјите од ЕУ поради резистентните бактерии е забележано во Грција и Италија.
Во истражувањето се констатира дека против овој вид бактерии е потребно да се направи исчекор на целата територија на ЕУ и се истакнува потребата од формирање механизми за контрола и спречување што е во согласност со специфичните барања на секоја земја.
- Инфекциите се добиваат во болниците и здравствените центри
Истражувањето покажа дека 3/4 од инфекциите чиј причинител се резистентните бактерии, се добиени во болници или здравствени центри, при што се истакнува дека децата и старците претставуваат најризична група.
Истражувањето го даде предупредувањето дека „бактериите резистентни на антибиотици претставуваат закана за модерниот здравствен систем“, и информира дека смртноста од овие бактерии која во 2007 година изнесувала 25.000, во 2015 година се искачила на 33.000 лица.