Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ДЕ МОЈН (АА) - Рекордната награда на играта на среќа „Mega Millions“, во висина од 1,6 милијарда долари е продадена во Јужна Каролина, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на „Mega Millions“ соопштија дека по вчерашното извлекување на шестоцифрениот број, добитниот лоз со награда во висина од 1,6 милијарда долари е продаден во Јужна Каролина.
Според официјалните лица, извлечената награда е највисока награда досега од лотарија. Не се очекува да биде соопштено името на добитникот на наградата.
Јужна Каролина, Делавер, Џорџија, Канзас, Мериленд, Северна Дакота, Охајо и Тексас се дел од државите во кои ќе бидат скриени имињата на добитниците на наградите.
Добитникот на премијата може да избере наградата да му биде давана на рати во период од 29 години. Од друга страна, доколку одбере веднаш да ја подигне наградата, тогаш по елиминирањето на сите државни давачки и даноци, наместо 1,6 милијарда долари, на среќникот ќе му бидат исплатени „само“ 913 милиони долари.
Играта на среќа „Mega Millions“, освен во сојузните држави Вашингтон и Девствените Острови, се игра и во преостанатите 44 сојузни држави на САД.