Emre Gürkan Abay
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Премиерот на Руската Федерација, Димитриј Медведев, потпиша акт со кој оваа земја воведе санкции на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацискиот сервис на руската Влада соопшти дека економските санкции се воведени за 322 украински државјани и 68 компании.
Санкциите стапија на сила со потписот на премиерот, а станува збор за своевиден одговор на Москва на санкциите кои Украина претходно ги воведе кон Русија.
Од руската Влада порачаа дека санкциите ќе бидат укинати кога тоа ќе го стори спротивната страна.
На листата санкционирани се наоѓаат познати имиња од Украина. Русија на црната листа го стави Алексеј Порошенко, синот на украинскиот претседател Петро Порошенко, потоа украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков, челникот на украинскиот Парламент (Врховна Рада), Андреј Парубиј, поранешните премиери на оваа земја, Арсениј Јатсењук и Јулија Томошенко и челникот на Нафогаз, Андреј Коболев.
Поради кризата на источниот дел на Украина и илегалната руска анексија, Украина од 2014 година воведе низа санкции на Русија, вклучувајќи го директниот увоз на руски плин и забрана на работата на руските банки.