Elena Teslova
22 Ноември 2023•Ажурирај: 24 Ноември 2023
МОСКВА (АА) - Русија денес го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за четиридневна „хуманитарна пауза“ во војната во Газа, јавува Анадолу.
„Москва го поздравува постигнатиот договор меѓу Израел и Хамас за четиридневна хуманитарна пауза. Ова е нешто на што Русија повикува од почетокот на ескалацијата на конфликтот“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова за руските медиуми.
Таа, исто така, ја пофали улогата на Катар во постигнувањето на договорот велејќи дека напорите на Доха довеле до практично спроведување на глобалниот повик за деескалација.
Катарското Министерство за надворешни работи утринава објави дека е постигнат договор за четиридневна хуманитарна пауза меѓу Израел и Хамас, а почетокот на паузата ќе биде објавен во рок од 24 часа.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа повеќе од 14.128 Палестинци, вклучително 5.840 деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.