Diyar Güldoğan
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - Русија денес ги предупреди земјите кои се преправаат дека играат улога за ставање на крај на конфликтот во Украина, со што предизвикуваат повеќе тензии во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, цитиран од страна на новинската агенција ТАСС изјави: „Ние веруваме дека сите страни, особено оние земји кои се преправаат дека играат улога во смирување на конфликтот, треба да избегнат какво било дејание кое ќе испровоцира зголемување на тензиите во веќе кризниот регион”.
Неговите изјави следеа по извештаите во САД дека Пентагон и Стејт департментот планираат да ја снабдат Украина со антитенковски проектили и друго оружје.
Руското илегално анексијата на украинскиот кримски регион во 2014 година доведе до тоа западни сили, вклучувајќи ги и САД, да наметнат санкции против Москва.
Заедно со ОН, САД и ЕУ, Турција не го признава Крим за руска територија.
По анексијата, Украина е зафатена од судири во источните региони со од едната страна сепаратисти поддржани од Русија, во кои, според Обединетите нации (ОН) загинале над 10.000 луѓе.