Ali Cura
26 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руска воена делегација заминала во Истанбул да работи во Заедничкиот координативен центар за испорака на жито од украинските пристаништа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Министерството се истакнува дека Заедничкиот координативен центар започнал со своите активности во согласност со одредбите од „Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа“ меѓу Туркије (Турција), Русија, Украина и Обединетите нации (ОН) под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.
Се нагласува дека експертска делегација предводена од контраадмиралот Едуард Луик денеска ќе пристигне во Истанбул и ќе се започне со работа во четиричлен формат.
„Главната задача на руските експерти во Заедничкиот координативен центар ќе биде брзо решавање на сите проблеми неопходни за да иницијативата влезе во фаза на практична имплементација“, се нагласува во соопштението.
Исто така, во соопштението се посочува дека активностите на руската делегација се под посебна контрола на руското Министерство за одбрана.