Dmitri Chirciu
14 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Украина се уништени 3.920 воени објекти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека Руските вооружени сили и таканаречената сепаратистичка администрација во Донбас продолжуваат да напредуваат во Украина.
„Во Украина се уништени 3.920 објекти од воена инфраструктура. Уништени се 143 беспилотни летала, 1.267 тенкови и различни оклопни возила, 124 повеќецевни ракетни фрлачи, 457 хаубици и минофрлачи, 1.028 специјални воени возила“, рече Конашенков.