Dmitri Chirciu
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
МОСКВА
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во изјавата за рускиот телевизиски канал РБК ТВ ги коментираше повиците на западните земји за ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи дека западните земји ги копирале едни од други повиците во врска со Навални, Захарова рече дека ваквите изјави се далеку од вистината.
Истакнувајќи дека во западните земји има многу проблеми, Захарова рече: „Нема потреба од мешање во внатрешните работи на суверената држава. На сите им препорачуваме да се справат со своите проблеми.“
Рускиот суд одлучи условната казна затвор од 3,5 години на опозиционерот Навални да ја преобрази во нормален затвор со образложение дека тој повеќекратно ја прекршил изречената условна слобода.
Адвокатот на Навални, Вадим Кобзев, најави дека ќе се жалат на одлуката.
- Апсењето на Навални
На Навални, кој со авион од руски Томск тргна кон Москва на 20 август 2020 година, му се слоши за време на летот поради што авионот слетал во Омск, каде е и хоспитализиран. Потоа се појави информацијата дека е отруен со супстанција што му е ставена во чајот.
Од Омск е префрлен во Берлин. По лекувањето во главниот град на Германија, Навални на почетокот на неделата, по доаѓањето во Москва, е уапсен на аеродромот.
Судот во Русија му изрече на опозиционерот Алексеј Навални мерка притвор во траење од 30 дена. Руското Обвинителство го товари за повеќекратно кршење на условната слобода, што му е изречена на 29 декември.
Жалбата против притворот на Навални беше одбиена од Судот на 28 јануари.