Elena Teslova
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Русија денеска прогласи 34 француски дипломати за персона нон грата, наредувајќи нивно протерување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека овој потег е одговор на протерувањето на 41 руски дипломат од Франција.
„За оваа одлука беше известен францускиот амбасадор Пјер Леви, со остра осуда за постапките на француските власти“, се вели во соопштението на Министерството.
Во ова соопштение се додава дека протераните дипломати мора да ја напуштат Русија во рок од две недели.
Франција во април прогласи 41 руски дипломат за персона нон грата во знак на протест поради војната во Украина.
Според проценките на Обединетите нации (ОН), најмалку 3.752 цивили се убиени, а 4.062 се ранети од почетокот на руската војна против Украина. Се стравува дека реалните бројки се многу поголеми.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 6,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина во други земји, а околу 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени.