Elena Teslova
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикало шведската амбасадорка Малена Мард и ѝ врачило нота за протерување на тројца шведски дипломати од Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Чекорот е преземен како одговор на протерувањето на тројца руски дипломати од Стокхолм, шведската воена поддршка за Украина и 'прикривањето на злосторствата на украинските националисти врз цивилното население во Донбас и Украина'“, се наведува во соопштението на Министерството.
На 5 април, Шведска протера тројца руски дипломати обвинувајќи ги дека „не работат во согласност со Виенската конвенција (за дипломатски односи).