Zuhal Demirci
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Британскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Хепи, истакна дека е целосно легитимно Украина да користи западно оружје за да ги нападне руските воени цели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Хепи даде изјави за „Би-би-си радио 4“ во врска со последните случувања во руско-украинската војна.
На новинарско прашање за информациите дека Украина отворила оган врз резервоар за гориво на руска територија, Хепи рече:
„Прашањето е дали е прифатливо користењето на нашите системи за оружје од страна на Украинците против легитимни руски воени цели? Како прво, одлуката за таргетирање ја носат Украинците, а не производителите или извозниците на воена опрема. Второ, сосема е легитимно да се гаѓаат цели на вашите конкуренти за да се наруши логистиката и линиите за снабдување.“
Министерот Хепи исто така подвлече дека Западот е многу внимателен во врска со донирањето оружје за Украина, која не е „целосно иницијатива на НАТО“.
Нагласувајќи дека мисли дека можноста за нуклеарна војна е многу мала, Хепи рече дека никој не сака да стави таков крај на конфликтот.
Меѓу другото, Хепи додаде дека илјадници руски војници ќе загинат во Украина поради ароганцијата на рускиот претседател Владимир Путин.