Elena Teslova
05 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи денес прогласи седум дански дипломати за персона нон грата како одмаздувачки потег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на веб страницата на Министерството се соопштува дека дипломатите мора да ја напуштат земјата во рок од две недели.
Според Министерството, на друг дипломат му била одбиена руската виза поради што не може да започне со работа во данската амбасада во Москва.
Во соопштението исто така се вели дека данскиот амбасадор, кој е повикан во Министерството, упатил силен протест.
„Отворената антируска политика предизвикува сериозно оштетување на билатералните односи“, се додава.
Чекорот е преземен како одговор на протерувањето на 15 руски дипломати од Данска на 5 април. Тие беа прогласени за персона нон грата како протест против војната меѓу Русија и Украина.
Најмалку 3.238 цивили загинаа, а 3.397 се повредени во Украина откако започна војната со Русија на 24 февруари, според проценките на ОН, со стравувања дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 5,7 милиони луѓе пребегаа во други земји, а околу 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, покажуваат податоците на Агенцијата на ОН за бегалци.