Dmitri Chirciu
06 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинскиот команден центар и магацинот за гориво се погодени со ракети со висока прецизност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, даде изјава за дејствијата на руските воени единици во војната со Украина.
Споделувајќи ги информациите, Конашенков наведе дека руските воени сили продолжуваат да ги напаѓаат воените инфраструктурни објекти во Украина.
„Со ракети со висока прецизност се уништени командниот центар на регионалните одбранбени единици на Украина, магацинот за гориво и фабриката во која се поправаат оклопните возила во населбите Золочив и Чугуев“, додаде тој.
Според него, во авионските напади во текот на денот во Украина биле уништени 33 објекти на воената инфраструктура.
Тој нагласи дека се соборени 125 авиони, 93 хеликоптери на Украинската армија и уништени се 403 беспилотни летала, 1.981 тенк и оклопни возила, 854 хаубици и минофрлачи, 1.876 специјални воени возила.
Портпаролот Конашенков информира дека продолжуваат судирите во украинскиот град Мариупол.