Elena Teslova
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша одлука со која бројноста на персоналот на Руските вооружени сили од 1 милион и 880 илјади се зголемува на 1 милион и 900 илјади, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката објавена на официјалниот интернет сајт на Владата на Русија, од 1 јули 2017 година, персоналот на вооружените сили од 1 милион и 880 илјади ќе се зголеми на 1 милион и 900 илјади.
Во периодот кога ќе започне да се спроведува одлуката, бројот на редовните војници во Руските вооружени сили ќе надмине 1 милион.
Покрај редовните војници, во руската армија на различни работни места има задолжени и цивили.