Elena Teslova
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските и турските воени претставници се сретнале во Москва за да разговараат за безбедното тргнување на турските трговски бродови и извозот на жито од украинските пристаништа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, двете страни денес разговарале и за пристапите за обезбедување безбедна пловидба низ Црното Море.
„На 21 јуни во Москва се одржаа преговори меѓу делегациите на Министерството за одбрана на Руската Федерација и Министерството за национална одбрана на Република Туркије.
Страните разговараа за прашањата за безбедно излегување на турските трговски бродови и извозот на жито од украинските пристаништа, како и за пристапите за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море“, соопшти Министерството.
Додаде дека делегациите на Русија и на Туркије ја истакнале важноста на соработката во билатерален формат, што овозможи излез од пристаништето Мариупол на турскиот товарен брод „Азов конкорд“.
„Страните постигнаа договор за продолжување на консултациите“, се вели во соопштението.