Ruslan Rehimov
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
БАКУ (АА) - Азербејџанскиот министер за одбрана, генерал Закир Хасанов, изјави дека Азербејџан ја проширува соработката со Турција за да се зголеми одбранбената моќ на земјата, при што нагласи дека тоа е еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хасанов ја прими делегацијата предводена од заменик-началникот на Генералштабот на Армијата на Турција, генерал-потполковник Селчук Бајрактароглу, кој престојува во Баку за да присуствува на 13-тиот состанок на воениот дијалог на високо ниво меѓу Турција и Азербејџан.
Според соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан, Хасанов во својот говор на приемот даде информација за војната во Карабах и ѝ се заблагодари на Турција за поддршката во оваа војна.
„За да ја зголеми својата одбранбена моќ, Азербејџан ја проширува соработката со Турција во областа на воено-техничката и воената обука, и ова е еден од клучните фактори за обезбедување стабилност во регионот“, нагласи Хасанов.
Заменик-началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Бајрактароглу, на состанокот на народот на Азербејџан му ја честиташе победата во 44-дневната Татковинска војна и изрази сочувство за загинатите.
Бајрактароглу исто така го изрази задоволство од пријателските и братските односи меѓу двете земји, а заедно со придружната делегација ги посетија гробот на починатиот претседател Хајдар Алиев и турските и азербејџанските гробишта.