Dmitri Chirciu
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
МОСКВА (АА) - Руската полиција го приведе Олег Навални, братот на притворениот Алексеј Навални, како и адвокатката и приватната докторка на рускиот опозиционер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Фондацијата за борба против корупција, Иван Жданов, кого руското Министерство за правосудство го стави на листата на „странски агенти“, на Твитер напиша дека полицијата ги привела Олег Навални, адвокатката Лобов Собол и докторката Анастасија Василева, која е челничка на Унијата на синдикати на доктори.
Наведе дека споменатите лица се приведени на 48 часа.
Руската полиција претходно ги претресе становите на Навални во Москва и канцеларијата на Фондацијата за борба против корупција, која тој ја основа, со образложение дека се прекршени „санитарните и епидемиолошките правила“.
Во Русија на 23 јануари се одржани демонстрации на кои учествуваа десетици илјади лица барајќи ослободување на Навални. За време на демонстрациите низ земјата се приведени околу 3.000 учесници.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека демонстрациите во знак на поддршка на Навални се „нелегални и неприфатливи“.
Навални, од друга страна, најави дека демонстрациите повторно ќе се одржат на 31 јануари.