Burç Eruygur
03 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија прими 700.000 деца што бараа засолниште од конфликтните зони во Украина, изјави рускиот пратеник Григориј Карасин, пренесува Анадолу.
„Во последниве години 700.000 деца, бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од конфликтните области во Украина, најдоа засолниште кај нас“, истакна Карасин преку Телеграм доцна синоќа.
На 17 март Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова, под обвинение за депортација на украинските деца.
Русија истакна дека не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд и дека неговите одлуки ги смета за „ништовни и неважечки“, инсистирајќи на тоа дека децата биле пренесени од зоните на судири со одобрение на нивните родители или законски старатели за да се заштитат од опасностите на војната.
Украинското Министерство за реинтеграција на 28 март објави оти смета дека 19.514 украински деца се „нелегално депортирани“ од земјата.