Elvir Hociç
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во вторник ќе отпатува во официјална посета на Русија, што ќе биде прва посета на таа земја во изминатите две години, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на германската влада, Стефен Сеиберт, денеска соопшти дека канцеларката Меркел на 2 мај ќе отпатува во рускиот град Сочи на Црното Море за да сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Сеиберт истакна дека причина за состанокот во Сочи е подготовката за Самитот на лидерите на Г-20, кој во јули оваа година ќе се одржи во германскиот град Хамбург.
Путин и Меркел исто така ќе разговараат и за билатералните односи, како и за кризата во Украина и во Либија, и за војната во Сирија.
Путин и Меркел последен пат се состанаа во ноември минатата година во Берлин, кога на мултилатералниот самит разговараа за ситуацијата на кризниот исток на Украина.