Elena Teslova
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Касациониот суд денес ја потврди деветгодишната затворска казна - за измама и непочитување на судот - на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јавува Агенција Анадолија (АА).
Навални беше осуден за организирање „криминална организација“ заедно со неговите придружници Леонид Волков и Роман Рубанов за да соберат средства за Фондацијата за борба против корупцијата на Навални.
Според истражителите, наместо да ја финансира фондацијата, Навални потрошил пари на „екстремизам“ и на негови лични потреби.
Тој, наводно, украл вкупно над 2,6 милиони рубљи (околу 22.000 долари) од четири лица кои подоцна поднеле тужба против Навални и други лица.
Навални, според наводите, ја навредувал и обвинителката Екатерина Фролова, која на судењето го поддржала обвинението против него за клевета на ветеран од Втората светска војна и неговиот внук.
Навални беше уапсен во јануари 2021 година по престојот во болница во Германија, каде што се лекуваше поради наводно труење. Западните земји и самиот Навални ја обвинија Русија за труењето, обвинение што Кремљ го негира.