?kipa
11 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
ИДЛИБ (АА) - Русија, која е поддржувач на режимот на Башар ал Асад во Сирија, по 12 дена повторно изведе воздушен напад врз цивилните населби во Идлиб. Во нападот животот го загуби еден цивил, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Опсерваторијата за мониторинг на вооружената опозиција, руски воени авиони по 12 дена извршиле напад врз цивилните населби во регионот.
Руските авиони ги бомбардирале селата Дахир и Кефер Марес во подрачјето на Деркуш во северозападниот дел на Идлиб.
Според информациите добиени од претставниците на Цивилната заштита на Идлиб (Бели шлемови), во нападите животот го загубил еден цивил.
Силите на режимот на Асад извршиле топовско гранатирање на местото Кефренбил, појасот Џерџеназ и селата Хас, Хазарин, Рикаја, Мар Шимше, Тел Минес и Мар Шимарин.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега во нападите на силите на режимот и Русија врз зоната за намалување на тензиите во Идлиб, животот го загубија 1.282 цивили, од кои 219 жени и 341 дете.