Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ИДЛИБ (АА) - Руските специјални сили продолжуваат со обидите да се инфилтрираат во првите линии на воената опозиција и антирежимските вооружени групи јужно од Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Рашид, портпаролот на војската на Насир, која е дел од Слободната сириска војска (ССВ), во изјавата за АА рече дека доцна синоќа руските специјални сили спровеле операција за инфилтрирање на југот на Идлиб.
„Претходниот ден истите трупи се обидоа да се инфилтрираат по оската Хакура, северозападно од Хама“, рече Рашит.
Руските сили при ваквите операции во првата фаза користат вооружени беспилотни летала, потоа напаѓаат со бомби. Во следната фаза руските сили користат снајперисти.
Според Рашид, целта на обидите за инфилтрација е воената опозиција и антирежимските вооружени групи да претрпат загуби. Руските сили потоа се повлекуваат назад.
На 30 август руските сили се обидоа да го инфилтрираат регионот Касабија на западниот дел од областа Хан Шејхун.
- Интервенција на Русија во копнената војна во Идлиб
Русија, која му дава воздушна поддршка на својот сојузник, режимот на Асад, од октомври 2015 година, од неодамна е вклучена во копнената војна што ја води режимот.
Оваа ситуација за првпат беше видена на сеопфатен и јасен начин во деескалациската зона во Идлиб.
Покрај руските специјални сили, на фронтовите со воените опозиционери можат да се видат и платеници на безбедносните компании.
Горенаведените сили активно се вклучени во копнената војна во областа Кефренбуде, Хабит и врвот Мелах, кој се наоѓа под контрола на режимот.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во изјавата на 20 август истакна дека руски трупи се наоѓаат во деескалациската зона во Идлиб и дека дејствуваат заедно со сириската армија.
Наџи Мустафа, портпарол на Националниот ослободителен фронт, компонента на Слободната сириска војска, во изјава за АА на 19 јули истакна: „Овој пат многу различно и сеопфатно гледаме дека [во неодамнешните судири северно од Хама] пешадиските единици на Русија на предните фронтови работат заедно со режимските сили.“