Tayfun Salcı
04 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
ЛОНДОН (AA) - Британскиот парламент го отфрли предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување предвремени избори на 15 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Предлогот за распишување предвремени избори во Долниот дом на британскиот парламент не доби двотретинско мнозинство.
Џонсон претходно упати предлог за распишување вонредни избори на 15 октомври по новиот пораз во парламентот. Џонсон во парламентот ги повика пратениците да го поддржат неговиот план според кој вонредните избори би се одржале на 15 октомври.
Пратениците во британскиот парламент го изгласаа законот со кој се блокира Брегзит без договор, кој е планиран на 31 октомври. Долниот дом на британскиот парламент го блокираше Брегзит без договор, со што актуелниот актуелниот премиер Борис Џонсон оваа седмица го загуби второто клучно гласање.
Законот за блокирање на „тврд Брегзит" помина со 327 гласа наспроти 299 гласа на пратениците кои беа против.
Британскиот премиер и лидер на Конзервативната партија Борис Џонсон од партиските тела суспендираше 21 пратеник кои синоќа го поддржаа покренувањето на процедурата за спречување на излегување на Велика Британија од ЕУ без претходен договор.
Позицијата на владата на Борис Џонсон дополнително е загрозена во британскиот парламент. Минималното мнозинство во парламентот премиерот Џонсон го загуби со вчерашното преминување на еден пратеник во Либерална партија.