Dildar Baykan
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ВАШИНГТОН
Администрацијата на САД соопшти дека до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) наредната недела ќе достави нацрт-резолуција за продолжување на ембаргото за оружје кон Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот секретар за надвошрени работи на САД, Мајк Помпео, во Министерството даде изјава околу ова прашање.
„Наредната недела до Советот за безбедност на ОН ќе доставиме нацрт-резолуција за продолжување на ембаргото за оружје кон Иран“, рече Помпео.
Тој истакна дека мисијата на СБОН е одржување на меѓународниот мир и безбедност.
„Доколку Советот дозволи овој поддржувач број еден на тероризмот слободно да купува и продава оружје, тогаш апсолутно тоа ќе ја понижува оваа мисија“, додаде тој.
„Како и да е, ние ќе го направиме тоа што е праведно. Да бидеме сигурни дека ќе се продолжи ембаргото за оружје“, нагласи Помпео.
Ембаргото за оружје кое СБОН го применува кон Иран веќе 13 години, завршува на 18 октомври во рамки на Договорот за нуклеарната програма потпишан во 2015 година.