Michael Hernandez
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - САД вчера го изведоа првото пресретнување на интерконтинентална балистичка ракета во време кога тензиите во азиско-пацифичкиот регион ескалираат во врска програмата за балистички проектили и нуклеарната програма на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Агенцијата за противракетна одбрана, пресретнувачот лансиран од земја е истрелан од воздухопловната база „Ванденберг“ во јужна Калифорнија. Пресретнувачот ја погоди и ја уништи целта од видот интерконтинентална балистичка ракета, која беше лансирана од Маршалските Острови.
Директорот на агенцијата, заменик-адмирал Џим Сиринг изјави дека успешниот тест претставува клучен пресврт за оваа програма.
„Овој систем е од витално значење за одбраната на нашата татковина, и тој покажува дека ние имаме способен, веродостоен одговор против една реална закана“, вели тој во соопштението.
Овој тест ги чини САД речиси 250 милиони долари.
Во понеделникот, Пјонгјанг го спроведе својот деветти балистички ракетен тест оваа година, со што ја зголеми регионалната загриженост и загриженоста на САД во врска со непријателските програми на земјата, кои се во спротивност со неколку резолуции на ОН.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се обидува да развие интерконтинентална балистичка ракета што ќе може да стигне на копното на САД.
Пробата од понеделникот, сепак, беше ракета од краток дострел, која падна во морето на Јапонија.
Претседателот Доналд Трамп го осуди тестот, а на Твитер објави дека Северна Кореја покажала големо непочитување кон својот сосед, Кина, со тоа што лансирала уште една балистичка ракета... но Кина дава сѐ од себе.
Трамп се обидува да ја добие поддршката на Кина во владеењето над програмите на Северна Кореја.
Досега, Северна Кореја има изведено три подземни нуклеарни тестови.