Elvir Hocic
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Соединетите Американски Држави со своите НАТО партнери водат краткорочна политика на јакнење на воените капацитети и проширување на Алијансата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„За нас, ова е јасен показател дека нашите партнери во Европа и во САД водат кратковидна политика и не гледаат чекор понапред. Нашите западни партнери повеќе отколку што треба ја изгубија таа навика“, рече Путин во интервју за францускиот весник „Ла Фигаро“.
Путин истакна дека американските и европските политичари по распадот на Советскиот Сојуз ја уверувале официјална Москва дека НАТО алијансата нема да се проширува.
„Тогаш беа и предлозите да се формира заеднички безбедносен систем“, рече Путин и додаде дека во тој случај би се избегнало едностраното повлекување на САД од Договорот за антибалистички проектили и изградбата на антиракетни елементи во Европа.
Тој исто така кажа дека тие американски потези претставуваат ризик за меѓународната безбедност и ги кршат основните принципи на рамнотежа на силите.
Апелирајќи до Западот да престане да измислува митски руски закани и хибридни војни, рускиот претседател Путин истакна дека единствениот правилен избор е соработката на сите полиња, вклучувајќи ја и безбедноста.