Esra Akgün
17 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Стејт Департментот соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) нема да признаат никаков автономен или полуавтономен регион на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштението следеше по тврдењата дека ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, на северот на Сирија планира да прогласи федерална единица.
Портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер, вчера потврди дека САД нема да признаат никаква федерална единица на северот на Сирија
„САД нема да признаат никаков автономен или полуавтономен регион на северот на Сирија”, рече Тонер, одговарајќи на прашањата на новинарите на дневниот брифинг.
Нагласи дека САД ја поддржува управата која ќе го штити територијалниот интегритет на Сирија.
„Таквата позиција им одговара и на страните во Женева, со цел да разговараат и да донесат конечна одлука”, рече Тонер.
На крајот истакна дека граѓаните на Сирија сами треба да одредат во каква држава сакаат во иднина да живеат.
ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, во средата порача дека планира да прогласи федерална единица во северниот дел на Сирија.