Betül Yürük
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
ЊУЈОРК (АА) - По продолжувањето на преговорите меѓу делегацијата на Соединетите Американски Држави (САД) и талибанците, администрацијата на Трамп наводно ќе го намали бројот на трупите во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американскиот претседател Доналд Трамп планира да повлече 4.000 војници, приближно една третина од речиси 13.000 американски војници во Авганистан“, наведе „Си-ен-ен“ (CNN), повикувајќи се на американски официјален претставник.
Според наводите на „Си-ен-ен“, САД во војната во Авганистан од 2001 година потрошија 133 милијарди долари. Загинаа 2.300 американски војници.
Делегациите на почетокот на септември беа блиску до постигнување договор, но преговорите беа запрени поради нападите во Кабул во кои беше убиен и еден американски војник.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Само во првата половина од оваа година во Авганистан загинаа настрадаа 3.812 лица, од кои 1.366 се убиени, додека 2.446 се ранети.