Ahmed Asmar
14 Август 2024•Ажурирај: 15 Август 2024
ТЕЛ АБЈАД (АА) – Во источна Сирија се случи судир меѓу американските војници и вооружените групи поддржани од Иран, објавија денес локални извори, јавува Анадолу.
Изворите за Анадолу изјавија дека вооружените групи поддржани од Иран извршиле ракетен напад врз гасното поле Коноко во покраината Деир ез-Зор, каде што се стационирани американските војници.
Од базата се издигна чад, но нема информации за жртви или материјална штета.
За возврат, борбените авиони на меѓународната коалиција предводена од САД нападнаа воени точки на групите поддржани од Иран во покраината Деир ез-Зор, истакнаа изворите.
Армијата на САД сè уште се нема огласено за нападите.
Во последниве месеци, напади со дронови и ракети беа извршени врз американски бази во Сирија од непознати вооружени групи, кои најверојатно се поддржани од Иран.
Деир ез-Зор е под окупација на терористичката организација ПКК/ЈПГ поддржана од САД, додека центарот на градот и другите рурални области се под контрола на сирискиот режим на Башар ал-Асад и групите поддржани од Иран.