Mücahit Oktay
07 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ЊУЈОРК
Осум лица загинаа во судир на два помали авиони во сојузната американска држава Ајдахо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на шериф во Котенај е наведено дека вчера попладне загинале осум лица, меѓу кои три деца, како последица на судар на два авиони над езерото.
Идентитетите на загинатите лица не се објавени.
Истиот ден, во американската сојузна држава Утах, во пад на помал авион загинаа четири лица, вклучувајќи ги пилотите. Потврдено е дека со авионот управувал поранешен безбол играч на Филаделфија, Тајсон Брумет.