Kasım İleri
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Повеќе од 30 луѓе во САД загинаа во вооружено насилство во првиот ден од Новата Година, стои во вчерашниот онлајн извештај, јавува Anadolu Agency (АА).
Ова сознание се случува во време кога Барак Обама, претседателот на САД, ги финализира новите мерки за контрола на оружјето. Архивата за оруженото насилство, која собира податоци за убиствата, пријави 33 смртни случаи на 1-ви јануари 2016 година и 106 инциденти кои вклучуваат употреба на огнено оружје, во кои беа повредени 81 лице.
Според федералната евиденција во текот на 2015 година имало 52.000 инциденти поврзани со употреба на огнено оружје, што доведе до 13.312 убиени, а околу 27.000 повредени лица. Имаше 330 масовни вооружени пресметки во кои загинаа најмалку четири лица.
Поради овие поразителни податоци, Обама во понеделник ќе се состане со државниот обвинител да разговараат за новите закони во врска со контролата на оружјето, кој треба да биде објавен на 12-ти јануари.