Burak Bir
04 Септември 2026•Ажурирано: 04 Септември 2026
Американската армија пресретнала и потопила пловен објект за кој се тврди дека бил користен за поддршка на шверц на дрога на море од страна на еквадорска криминална организација, се наведува во соопштение вчера, пренесува Анадолу.
Јужната команда на САД (САУТКОМ) соопшти дека „пловната станица за полнење гориво“ била користена за поддршка на нелегални операции во меѓународните води на источниот дел на Тихиот Океан.
„Разузнавачките информации потврдија дека пловниот објект дејствувал во поддршка на насилната нарко-терористичка организација Лос Чонерос. Литоралните борбени сили 24, кои тргнаа од бродот УСС Сан Антонио (LPD 17), го пресретнаа, се качија на него, го пребараа и го ослободија без инциденти“, соопшти САУТКОМ.
Во соопштението се наведува дека лицата отстранети од пловниот објект безбедно ќе им бидат предадени на еквадорските власти, додавајќи дека американските сили го потопиле пловниот објект.
„@DeptofWar (Министерството за војна) и A3C (Американската коалиција за борба против картелите) остануваат непоколебливи во својата мисија за поразување на нарко-терористите на Западната хемисфера и одбрана на нашата татковина“, се додава во соопштението.