Safvan Allahverdi
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - САД и Турција имаа продуктивен состанок во врска со спорот околу визите, соопшти американскиот Стејт департмент за Anadolu Agency (AA).
„Разговорите беа продуктивни и се постигна значителен напредок во целокупната агенда. Ние ќе останеме приоритетно ангажирани кон релевантните прашања со цел брзо враќање во нормала на визните процедури“, се вели од Стејт Департментот.
Страните разговараа и за структурата и условите за работа според предложениот заеднички работен комитет, и е постигната согласност дека одлуката ќе биде финализирана наскоро.
Реакцијата беше предизвикана на 8 октомври, кога американската амбасада во Анкара го објави прекинот на неимигрантските визни услуги за турските државјани, по апсењето на локален вработен во американскиот конзулат во Истанбул, предизвикувајќи ист одговор од Анкара.
Метин Топуз, долгогодишен вработен во конзулатот, беше уапсен минатата недела поради врски со терористичката организација ФЕТО, којашто стои зад минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во Турција.
Тој бил поврзан со 121 осомничени лица на ФЕТО, меѓу кои и полициски началници, во текот на подолг период, се вели во соопштението од Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а околу 2.200 беа повредени.