Esra Kaymak
04 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Група турски парламентарци продолжија и вчера со притисок врз администрацијата на САД за екстрадиција на Фетула Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО и организатор на неуспешниот обид за државен удар минатиот месец, јавува Anaolu Agency (AA).
По дводневните состаноци и брифинзи со неколку американски претставници од Министерството за правда, Стејт департментот и од неколку истражувачки институти, финалните средби на групата во главниот град на САД беа со властите на Пентагон и на Одделот за домашна безбедност.
Истакнувајќи дека имале можност повеќе да ја нагласат важноста на прашањето во врска со ФЕТО за време на вчерашните состаноци, парламентарецот Таха Озхан од Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент и пратеник од Партијата за правда и развој (Партија АК) од Малатија за Anadolu Agency истакна дека од претставниците на САД во текот на состаноците почнале да сфаќаат колку е сериозен овој случај за Турција.
„Се надевам дека овие резултати на состаноците брзо ќе станат актуелна политика и ќе бидат преземени чекори во врска со лидерот на терористичката организација и другите милитанти (од ФЕТО)”, изјави Озхан.
Како член на групата, парламентарецот од Републиканската народна партија (ЏХП), Огуз Каан Салиџи рече дека САД ќе соработува со Турција за време на тековниот правен процес за екстрадиција на Ѓулен.
Пратеникот од Партијата за национално движење (MHP) од Ерзурум, Камил Ајдин, истакна дека американската страна е многу посериозна во врска со случајот и ветила дека ќе го забрза процесот за екстрадиција на Ѓулен.
„Мислам дека политичката волја многу брзо расте во однос на сериозноста на Турција во врска со ФЕТО”, истакна тој.
Група турски пратеници започна осумдневна посета на САД во понеделникот, со цел да одржат брифинзи во врска со обидот за неуспешен државен удар предводен од страна на ФЕТО минатиот месец. Тимот се сретна со неколку високи претставници на САД, со претставници на странскиот печат и со членови на истражувачки институти. На средбите барањето на Турција за екстрадиција на Ѓулен, организаторот на заговорот за државен удар, им беше високо на агендата.
Групата пратеници доцна синоќа заминаа за Њујорк, каде што ќе остварат средби со претставници на ОН.