Qays Abu Samra,Zeynep Tüfekçi
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
РАМАЛАХ (АА) - Поради злоупотреба и навредливи ставови на управата на израелските затвори, 285 Палестинци одлучија да стапат во штрајк со глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Клубот на палестинските затвореници истакнаа дека на штрајк со глад се одлучиле 150 затвореници во затворот Ешел, на јужниот дел на Израел, како и во затворот Нафха.
По одлежаната затворска казна од 14,5 години на Билал Кајед од Наблус, во јуни израелските власти донесоа одлука да ја продолжат со административен притвор за уште шест месеци. Во знак на протест, Кајед одлучи да штрајкува со глад. Го поддржаа уште 10-мина затвореници, кои во знак на солидарност исто така стапија во штрајк со глад.
Во израелските затвори се наоѓаат најмалку 7.000 Палестинци.