Selçuk Acar
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Собрани се 100.000 потписи во рамките на петицијата за екстрадиција на лидерот на терористичката ФЕТО, Фетула Ѓулен на Турција, која беше започната на официјалната веб-страница на Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Петицијата беше иницирана од страна на Турците кои живеат во Соединетите Американски Држави (САД), а по повод собраните 100.000 потписи, што беше целта, беше организирана прес-конференција во Њујорк.
„Многу сме горди бидејќи собравме 100.000 потписи веќе во третата недела откако Белата куќа распиша петиција на својата веб-страница“, рече Џахит Октај пред групата „Турција“, која ја започна петицијата.
Турскиот бизнисмен и активист Ибрахим Куртулуш вели дека не се задоволни од тоа што Ѓулен се наоѓа во САД, и дека тој треба итно да биде екстрадиран во Турција.
Тој истакна дека турскиот народ сака да биде задоволена правдата, и го покани претседателот на САД, Барак Обама „да биде покрај својот сојузник во НАТО, Република Турција“.
„Крајно време е владата на Обама да ја разбере сериозноста на оваа ситуација“, рече Куртулуш.
Штом една петиција објавена на веб-страницата собере 100.000 потписи, Белата куќа е должна официјално да одговори во рок од 60 дена.