Selçuk Acar
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Три лица загинаа во шумскиот пожар кој уште од понеделникот беснее во градот Гетлинбург, во сојузната американска држава Тенеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Грег Милер, шеф на противпожарната служба во Гетлинбург рече дека за време на пожарот е предизвикана штета на повеќе од 150 станбени и деловни единици.
Повредени се десетици, а во Севиер Каунти 11.600 луѓе останаа без електрична енергија.
Агенцијата за управување со вонредни состојби во Тенеси соопшти дека поради пожарот во Гетлинбург се евакуирани повеќе од 14.000 луѓе.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, преку социјалната мрежа Твитер испрати порака до граѓаните на Тенеси.
„Моите мисли и молитви за време на овој ужасен пожар се заедно со големите луѓе на Тенеси“, порача Трамп.
Пожарот веќе трет ден беснее и во планините Санта Круз, во сојузната американска држава Калифорнија.