Emre Aytekin
18 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
КАБУЛ (АА) - Извршен е самоубиствен напад за време на свадба во авганистанскиот главен град Кабул, при што смртно настрадаа 63 лица, меѓу кои деца и жени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владиниот портпарол Феруз Бешари соопшти дека 63 лица загинале, додека 182 лица се повредени во синоќешниот самоубиствен напад за време на свадба во ресторан во Кабул.
Во нападот кој беше извршен во 22:40 часот по локално време, напаѓачот, експлозивната направа која ја носел со себе ја активирал во ресторан, близу музичкиот бенд, место каде што имало собрано повеќе луѓе кои биле гости на свадбата, меѓу кои и деца.
Портпаролот на авганистанското Претседателство, Садик Сидики, на објава на Твитер, изразувајќи жалење, го осуди овој терористички самоубиствен напад.
Овој напад е најкрвавиот терористички напад извршен од почетокот на годината досега во Авганистан.
Сѐ уште ниту една група не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, додека талибанците го осудија нападот.