Betül Yılmaz
30 Декември 2025•Ажурирај: 30 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудиска Арабија денес побара од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) позитивно да одговорат на барањето на Јемен за повлекување на нивните сили од територијата на Јемен во рок од 24 часа, пренесува Анадолу.
Во соопштението, саудиското Министерство за надворешни работи го изрази своето разочарување поради „дејствијата преземени од братските Обединети Арапски Емирати, со кои се врши притисок врз силите на Јужниот преоден совет да спроведат воени операции на јужните граници на Кралството во губернијата Хадрамут и Ал-Махара“.
Ријад, се наведува во соопштението, го смета тоа за „закана за националната безбедност на Кралството и безбедноста и стабилноста“ на Јемен.
„Кралството нагласува колку е важно братските Обединети Арапски Емирати да го прифатат барањето на Република Јемен сите нивни сили да ја напуштат Република Јемен во рок од 24 часа и да ја прекинат секоја воена или финансиска поддршка за која било страна во Јемен“, соопшти Министерството.
Се нагласува дека секоја закана за националната безбедност на Саудиска Арабија е „црвена линија и Кралството нема да се двоуми да ги преземе сите потребни чекори и мерки за да се соочи и неутрализира секоја таква закана“.