Halime Afra Aksoy
05 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
РИЈАД
Заменик - министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Халид бин Сулејман изјави дека неговата земја ќе продолжи со воената и политичката поддршка на владата на Јемен во борбата против Хутите, кои се поддржани од Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бин Сулејман, по одлуката на американскиот претседател Џо Бајден „да ја прекине поддршката за операциите во Јемен“, на својот профил на Твитер истакна: „Саудиска Арабија одлучно ќе продолжи со воената и политичката поддршка на владата на Јемен во борбата против Хутите, кои се поддржани од Иран“
Заменик-министер за одбрана, исто така изјави дека неговата земја во Јемен ќе ги подржи дипломатските напори за постигнување на сеопфатно политичко решение засновано на резолуцијата 2216 на Советот за безбедност на ОН и резултатите од Конференцијата за национален дијалог.
Претседателот на САД, Џо Бајден, на 4 февруари изјави дека неговата земја ја прекинала воената поддршка на Саудиска Арабија во војната во Јемен и ја стопирал продажбата на оружје.