Aydoğan Kalabalık
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
КАИРО (АА) - Саудискиот крал Селман бин Абделазиз го привлече вниманието на јавноста со погрешните наводи за време на обраќањето на синоќешното отворање на самитот на лидерите на Европската Унија и Арапската лига, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот се одржува во египетскиот град Шарм ел Шеик.
Кралот Селман ги изненади сите присутни откако палестинските граници пред израелската окупација ги „смести“ во 1937 година, а не во 1967 година.
„Го повторуваме својот непроменет став за неопходноста од враќање на легитимните права на палестинскиот народ, вклучувајќи го и основањето на палестинската држава во границите од 1937 година и со Источен Ерусалим како главен град“, изјави кралот Селман.
Кралот Селман читаше подготвен говор, па изненадувањето поради мешањето на годините беше уште поголемо.
Властите на Саудиска Арабија, како и Израел, досега не го коментираа тој „гаф“ на кралот Селман.
Паралелно со тоа, самитот на лидерите на ЕУ и Арапската лига го карактеризира исклучително слабиот одзив на лидерите на земјите од арапскиот свет.
Од 21 активна членка на Арапската Унија, на самитот пристигнаа највисоките официјални претставници, четири земји испратија министри, а две службеници од понизок ранг.
Катар на самитот претставува амбасадор во Арапската лига, а најмногу реакции предизвикаа Обединетите Арапски Емирати кои на така голем собир го испратија гувернерот на регионот Фуџаира.