Ramazan Turgut
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
РИЈАД (АА) - Во Саудиска Арабија падна хеликоптер во кој се наоѓал принц и неколку високи саудиски функционери, јавува Anadolu Agency (АА).
Според првичните информации, несреќата се случила во регионот Асир и ниту едно од лицата во хеликоптерот не преживеало.
Саудиската државна телевизија јавува дека во несреќата загинал принцот Мансур бин Мукрин, заменик-гувернерот на Асир, покраина на саудиско-јеменската граница.
Причината за несреќата што се случи во крајниот југозападен дел на Саудиска Арабија не е позната, а меѓу официјалните лица кои загинаа е и вршителот на должноста гувернер на покраината Асир, Селман ал-Јериши, генералниот секретар на тој регион, Салих бин Абдула ал-Кади, челникот на канцеларијата за земјоделство во Асир, Фахд ал-Фертиш, директорот на полицијата во Асир, Салих бин Сулејман ал-Карзаи, и уште неколку други официјални претставници.