Meltem Bulur
18 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
АНКАРА (АА) - МЕЛТЕМ БУЛУР - Околу 2 милијарди лица во светот живеат во сиромаштија, пишува Anadolu Agency (AA).
По повод Светскиот ден на хуманитарна помош, состојбата на луѓето на кои им е потребна помош е во фокусот на светската јавност. Објавен е податок дека 753 милиони луѓе живеат во тешка сиромаштија.
Според објавените податоци, поради судирите и природните непогоди кои минатата година беа забележани во светот, повеќе од 200 милиони лица имаат потреба за меѓународна хуманитарна помош.
Судирите во Сирија, Јемен и Јужен Судан доведоа до тоа милиони луѓе да мора да ги напуштат своите огништа.
Според податоците на Организацијата за развојни иницијативи, повеќе од 201 милион луѓе во 134 земји на светот се наоѓаат во состојба на нужност.
Минатогодишните кризи се продолжени и оваа година во 21 земја. Населението во тие земји од година во година се соочува со различни проблеми.
Околу 2 милијарди лица живеат со приход во просек од 3,2 долари дневно. Со приход од 1,9 долари живеат 753 милиони лица во светот.
Најмногу хуманитарна помош минатата година е пратена во Сирија, а потоа во Јемен. Генералното собрание на ОН во 2008 година го усвои 19. август како Светски ден на хуманитарна помош.