Mahmut Atanur
17 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
ЏАКАРТА
Две лица го загубија својот живот во свлечиштето кое се случи во индонезиската покраина Западна Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националната агенција за управување со катастрофи на земјата.
Во соопштението се наведува дека поројните дождови кои вчера непрекинато продолжија во градот Соронг предизвикаа свлечиште.
Според соопштеното, две лица загинаа во затрупана куќа под земја како резултат на свлечиштето.
Властите нагласија дека во тек се операции за пребарување и спасување за наоѓање на можни изгубени лица.